Зошто се будиме пред алармот?!

Објавено на 10 октомври, 2014 во 06:01

Колку пати ви се случило да се разбудите една минута пред алармот да заѕвони? Еве зошто се случува тоа…

“Како што разните апликации и часовници треба да ве разбудат постепено, вашето тало пробува да го постигне истото. За денот да започне што посмирено, организмот во последната фаза од сонот произведува нешто повеќе хормони поврзани со стресот, подготвувајќи го телото за будење”, вели професорот по психологија д-р Јан Борн.

При спроведувањето на истражувањето, Борн и неговиот тим откриле дека хормонот адренокортикотропин се произведува во зголемени количини кога личноста очекува да биде разбудена во одредено време.

Во овој експеримент, волонтерите оделе на спиење на полноќ, а кажано им е дека алармот ќе ги буди едно утро во шест, а следните два дена во 9 часот.

“Кога очекуваа дека часовникот ќе заѕвони во шест, постоеше дополнително зголемено производство на хормони адренокортикотропин непосредно пред будењето. Кога волонтерот очекуваше будење во девет часот, немаше пораст на овој хормон”, објаснува д-р Борн.

Иако будењето непосредно пред звукот на алармот често го препишуваме на навиката да стануваме рано, изгледа дека тоа е сосема обратно. Имено, д-р Борн објаснува дека пред звукот на алармот најчесто се будат токму оние кои не се навикнати да стануваат рано. Сепак, не е до крај познато зошто кај нив во последната фаза од сонот се зголемува нивото на хормони поврзани со стресот.

“Секој човек има различен внатрешен часовник. Варијациите во гените одлучуваат кој од нас природно ќе биде ‘навиен’ да станува рано, а кој не”, вели д-р Лучијано ди Тачио.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.