Кој е моментално најпопуларниот тренд за уредување на вашиот дом?

Објавено на 26 февруари, 2021 во 09:30

japandistyle

26.02.2021

Јапанди, велат експертите, ќе биде многу популарен стил во внатрешната декорација и во 2021 година, а станува збор на јапонски дизајн и скандинавски минимализам.

Од Pinterest, објавија дека потрагата по терминот „Јапанди” се зголемил за 100 отсто, а пребарувањата за неутрални бои бил тројно поголемо. Интересирањето било уште поизразено зголемено за модерни, дрвени кревети, минималистички бањи и кујни … а сето ова укажува на тоа дека Јапонија ќе биде хит тренд во 2021 година, пишува HuffPost.

Главните карактеристики на овој стил се функционален мебел, минималистички декорација, природни материјали како што се глина и дрво, едноставни линии, неутрални бои и смирувачки распореди.

Хелен Вајт, креативниот директорка на Houseof, вели дека целата идеја зад овој тренд е да се даде простор за дишење, а тоа е токму она што сите ни е потребно во наредната година.

„Кога се обидувате да го рекреирате овој смирувачки стил, користете ‘помалку е повеќе’ пристап – изберете неколку впечатливи детали и на секој од нив дајте му го неговиот простор”, советува Вајт и додава дека добра идеја е да се спари лесното дрво со густи плетени ткаенини.

Спална соба
Спалната соба треба да биде во неутрален тон, во нијанси на бело и беж, а совет на Надија Мекаун Хил, советничка на Wayfair за стил е: немојте премногу да се зезате околу деталите.

„Овој тренд е фокусиран на изнаоѓање на убавина во несовршености, како што се деталите на суровите рабови на јаже или рачно насликани мотиви на дрвото. Повеќе дискретни и посуптилни дизајни ќе одат рака под рака со просторниот на спалната соба, создавајќи смирувачка атмосфера како засолниште”, вели таа.

Дневна соба
Клучот за овој тренд е во исфрлање на хаосот од вашиот дом и фокусирање на неколку избрани детали за карактер, вели Трејси Еплби, шефица на ентериер во компанијата „I Love Wallpaper“.

„Рустикалниот дел од овој тренд лесно може да биде лесно и поевтино постигнат со избирање дрвени додатоци како што се рамки од темно дрво за фотографии, природни дрвени полици и полици за книги”, вели Трејси.

Што се однесува до палетата на палетата на бои во јапанди стил, нејзината препорака е задушени тонови на розова, сина и спомнува сина или на „нане“ кои „го држат предметите елегантни” а функционални декоративни предмети како што се вазна и садови со овошје во овие нијанси можат да додадат боја.

Кујна
„Јапанди внатрешноста прифаќа природно внесување на надворешното, па внесувањето на растенија во вашата кујна е добар начин и кујната да е во тренд. За брзо и економично воведување на Јапанди стил во кујната, извадете ги хромираните рачки на орманчињата во корист на дрвени. Тие целосно ќе го променат впечатокот за просторот”, вели Адел Штон-ПЈУ, од мебелот Terrys.

Хил препорачува трендот да се следи и на трпезариска маса со различни керамички садови во комбинација со рустични ткаени подметнувачи.

Бања
Денес, бањите се помалку ограничени на бела керамика, вели Еби Шофилд, шефица за дизајн во Ribble Valley.
„Јапанди бањите ќе се пофалат со површини и неутрални тонови кои го намалуваат стресот и ја подобруваат креативноста и содржат материјали што ги имитираат оние од природата. Викторијанските кади остануваат клучна компонента во елегантна бања во 2021 година, но ова ќе биде хармонично инкорпорирано со потоплите тонирани површини, дрво и заоблени линии, наспроти ладни и остри површини кои инаку можат да се најдат во бањите“ заклучува Шофилд.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.