Дали овие маски се спас за угостителството во услови на корона вирус?
Објавено на 30 март, 2021 во 07:44
30.01.2021
Научниците во Мексико дизајнираа заштитна маска што се носи само преку носот. Идејата е да ја носите оваа маска под вообичаената маска, а кога ќе седите во ресторан или кафуле, оваа ќе ви остане на носот.
Во коментарите под видеото кои демонстрираат како тие треба да се користат, некои сметаат дека ова е добра идеја, други сметаат дека е опасно затоа што се плашат дека поради оваа маска ќе заборават да ја стават вистинската, но сите се согласуваат за една работа – колку смешно изгледа.
„Не е иновација, кловновите ја носат со години“, „Можеби го намалува ризикот од инфекција, но го зголемува ризикот од гушење на храната од смеа“, се некои од коментарите.
Мите Јаначков