Пристигна „Xupermask״ која е супер дизајнирана паметна заштитна маска
13.04.2021
Веќе една година и неколку месеци живееме во период на пандемија и во новото нормално поради епидемиолошките мерки. Јасно е дека на луѓето веќе им е доста и сакаат да се вратат на старото и повторно да живеат без ограничувања.
Некои веруваат дека веќе нема враќање на старо и да ја победиме короната, затоа што дел од луѓето ќе продолжат да носат заштитни маски. Тие се нужно зло, односно заштита и моден додаток. Така размислува познатиот рапер will.i.am, кој во комбинација со технолошката компанија Honeywell ја претстави смарт заштитната маска, наменета за време на пандемија, но и пост пандемиски период.
При развојот на Xupermask е посветено големо внимание на дизајнот и зголемена е заштитата, со оглед на тоа што маската доаѓа со два вентилатора со три брзини и HEPA филтри, кои на корисниците ќе ги заштитат од вируси, но и ќе им овозможи нормално дишење. Маската има bluetooth за да може да се поврзе со вашиот смартфон, како и микрофон и слушалки за музика и телефонски разговори. За поатрактивен изглед и приказ на известувања, маската е украсена со LED-сијалички и има интегрирана батерија што трае 7 часа.
Мите Јаначков