Излезе најавата за новите Transformers, новиот автобот е Porsche (видео)
Во најавата за новото продолжение од франшизата Transformers може да видиме многу акција, но и нов автобот.
Филмското продолжение „Transformers: Rise of the Beast“ носи, меѓу другото, нов автобот во форма на прекрасно Porsche 911 генерација 964. Режисер е Стивен Кејпл Џуниор, а во конкуренција на човечкиот тим главни ѕвезди се поранешниот командант Ноа, кој го игра Ентони Рамос, и Елена (ја игра Доминик Фишбек), која е музејски истражувач во филмот.
Ова продолжение пристигнува како спојување со ТВ серијата и ги носи Максималите. Меѓу нив се горилата Optimus Primal (го игра Рон Перлман) и соколот Airazor (го игра Мишел Јеох). Се разбира, Сајбертронијаните се уште се наоколу, предводени од Bumblebee во Камаро форма. Optimus Prime и понатаму е во форма на класичен камион, додека покрај Porsche 911 се појавува и стариот VW Microbus.
Deadline известува дека филмот има голем број актерски ѕвезди. Заедно со горенаведените имиња, ќе глуми и Питер Динклиџ од Game of Thrones како Scourge, Пит Дејвидсон од SNL како Mirage и Михаела Џае Родригез како Nightbird.
Премиерата на филмот е на 9 јуни следната година.