Не пропуштајте! Вечерва европски музички награди

Објавено на 11 ноември, 2012 во 14:28

Регионалниот канал MTV вечерва од 20 часот екслузивно од Франкфурт, Германија, местото во кое ќе бидат вперени очите на милионската публика го пренесува настанот кој со нетрпение го очекуваат милион фанови. Преносот започнува во 21 часот, а како што јавуваат организаторите се е во најдобар ред и се очекува само да започне најголемото случување во Европа. Сите ѕвезди, многу фанови, музика, забава и награди е она што не очекува вечерва.

 

Наградата за најдобра песна, женски изведувач, машки изведувач, најдобар поп пејач, најдобар изведувач во живо, најдобар дебитант, најдобар спот и многу други награди вечерва ќе бидат доделени во живо во Франкфурт.

Водител на 19 тите EMA награди ќе биде супер моделот Heidi Klum, а  публиката преку сите канали на MTV ширум светот ќе има можност да ги проследи настапите на  Taylor Swift, Muse, No Doubt, Carly Rae Jepsen, fun. i Rita Ora, Alicia Keys, Pitbull, The Killers и PSY.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.