Тивко следи ме – нова песна на Амајлија Бенд

Објавено на 14 ноември, 2012 во 23:01

“Тивко следи ме“  е насловот на новата песна на четиричлениот бенд Амајлија, со која момците дебитираа на овогодишното издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ и оставија одличен впечаток кај публиката со интересниот стајлинг и сценскиот настап. Музиката и аранжманот на композицијата се авторско дело на Димитар Димитров, а текстот го напиша Јован Јованов.

 

– Реномето кое го има „Макфест“ како еден од ретките фестивали во земјава на кој се пее во живо, беше доволен предизвик за повторно да се активираме на македонската музичка сцена со нова песна, настапувајќи токму на овој фестивал. Реакциите на публиката во Штип беа одлични, а се надеваме дека песната им се допаѓа и на слушателите ширум цела Македонија – изјавуваат Александар, Оливер, Влатко и Адам.

Промовирањето на „Тивко следи ме“ е само дел од активностите на Амајлија Бенд периодов. Освен на клубските свирки, бендот паралелно работи и на снимање на нова песна, која ќе биде овековечена и со видео запис, а полека го подготвуваат и материјалот за нивниот деби албум.

Погледнете го настапот на Амајлија бенд на Макфест 2012.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=Tm71TAgBMm4{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.