Симнете го новиот албум на Суперхикс бесплатно!
Долгоочекуваниот студиски албум на македонскиот бенд Суперхикс пристигна! Албумот “Африка” сега е достапен како бесплатен download на веб-сајтовите на регионалната MTV телевизија.
Албумот содржи 12 композиции меѓу кои и веќе добро познатите хитови „Ти треба некој“, „На лута рана“ и секако „Африка“. Работен е во студијата „Супернова“ и „Марифет“ во изминатите две години. Сниматели се Гоце Симоноски, Ивица Јанкуловски и Бојан Угриновски, а како микс мајстор и продуцент се потпишува Гоце Симоноски. Гости на албумот се Ди Џеј Славе, Нелетроник Гуру и женскиот хор „The Incredibles”. За дизајнот на обвивката е одговорна Марија Чолкова.
Суперхикс своето полнолество (18 години постоење) ќе го прослави со голем концерт на 1-ви декември во Метрополис арената во Скопје
Албумот сименете го тука