Каролина со албум, концерт и видео запис
Денеска на официјална прес конференција насловена како „Три во едно“, Каролина и нејзиниот тим открија нови детали околу нејзиниот нов албум, спот и концерт.
Компилацијата „Најубави песни“ – најновиот албум на Каролина, од денеска е пуштен во продажба по цена од 499 денари. Ова е прво компилациско ЦД на Каролина, со 12 песни плус четири бонус песни.
Покрај албумот на промоцијата беше промовиран и видео записот за нејзината песнса „Тој“, а беше најавен и акустичниот концерт на Каролина кој треба да се случи на 22 декември во Универзалната сала во Скопје. Билетите за концертот ќе бидат пуштени од понеделник на 03.12.2012 година.
Тимот на Каролина најави дека следните две години, односно во 2013 и 2014 година, Каролина ќе снима уште еден дел на албумот „Македонско девојче“ поради барање на домашната и балканската публика.
Уживајте со видео записот за „Тој“:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=kNxWyT3duc0{/youtube}
