Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

tamaraevrosong

Тамара Тодевска денеска имаше втора проба на големата сцена EXPO во Тел Авив каде што ќе се одржи 64. Евросонг, а таа со песната „Proud“ ќе настапи претпоследна на втората полуфинална вечер, на 16 мај.

– Сите сме горди со сработеното и ја очекуваме вашата поддршка на 16-ти, а се надевам и на 18-ти, изјави Тамара која денеска имаше и прес- конференција.

Нејзиниот тим соопшти дека изведбата на баладата била суптилна и впечатлива, а Тамара добила аплаузи во салата и во прес-центарот.

– Акредитираните новинари со внимание го проследија настапот на македонската претставничка. Не помал беше и интересот на прес-конференцијата на која голем број од новинарите се интересираа за деталите поврзани со нашата претставничка и песната со која ќе настапи, соопшти нејзиниот тим на годинашниот „Евросонг“.

Македонската радио-телевизија директно ќе ги пренесува трите вечери од натпреварот – полуфиналните во вторник и в четврток, на 14 и 16 мај додека финалната, идната сабота на 18 мај.

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново