„Христос се раѓат, на светот радост“: Новата Божиќна песна во изведба на „Љубојна“ со прекрасен спот (ВИДЕО)

Објавено на 8 јануари, 2021 во 10:05

Screenshot 8 5 700x293

08.01.2021

Традиционално, и овој Бадник, Здружението “Бадникови поворки” со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објави Божикен спот како подарок за верниот народ.

Со голема радост соопшуваме, дека и покрај строгите протоколи за работа и отежнатите околности што ги создаде пандемија на ковид-19, успеавме да ја исполниме нашата света должност и да оставиме за навек уште едно музичко дело. Најголема благодарност упатуваме до Епископот Антаниски и Игумен Бигорски Партениј, за неговата безрезервна духовна поддршка за целиот тим во текот на целиот процес на создавање на делото, изјавуваат од „Љубојна“.

Видео записот за ново-возобновената Божикна песна (каланда) “Христос се раѓат, на светот радост” е снимен во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорскиот манастир.

Оваа музичка творба потекнува од широките балкански простори од времето на Ромејското Царство, Византија и се пеела меѓу мијачкото население, заради што и сегашната верзија е отпеана токму на познатиот мијачки дијалект. Нејзиниот народен мелос, пак, е карактеристичен за нашите простори, како и за богатата традиција која сме ја сочувале како наследници на ромејската култура и духовност.

Мите Јаначков                                                     

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.