„Не си сама″: Слушнете ја песната на Бајага и Миро Ѓуриќ посветена за актерката Милена Радуловик (ВИДЕО)
Објавено на 25 јануари, 2021 во 10:05
25.01.2021
Момчило Бајагиќ Бајага и Бранко Ѓуриќ, направија песна која го носи називот „Не си сама“.
Песната е посветена на актерките Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ, кои во текот на изминатите денови ги изнесоа своите интимни признанија за сексуална злоупотреба од професорот по глума Мика Алексиќ.
Бајага е заслужен за текстот, додека популарниот Ѓуро ја отпеа песната со неговиот бенд Бомбај Штампа.
Ѓуриќ оваа песна ја сподели на својот Инстаграм профил и попатно ги означи Милена и нејзината колешка Ива Илинчиќ, која исто така го пријави Алексиќ за злоупотреба.
Во прилог слушнете ја песната „Не си сама“.
Мите Јаначков
