(ВИДЕО) Слушнете ја „Нека бидам сам“ нова композиција на Бобан Апостолов
13.02.2021
Младиот талентиран тетовчанец, дваесет и девет годишниот Апостолов, автор е на музиката и на текстот додека аражманот на композицијата го потпиша Милан Миланов. Слушнете ја „Нека биде сам“ и на Дума.мк. откако веќе е популарна на радио станиците и на социјалните мрежи.
„Нека бидам сам“ следи откако првенчето на Апостолов „Само пријатели“, освен во Македонија беше одлично прифатена и слушана во странство. И таа е создадена од музичкиот двоец Апостолов – Миланов. Видео спотот за оваа композиција е дело на Глигор Кондовски.
-Се надевам дека и втората моја композиција ќе и се допадне на публиката. Видео записот веќе е одлично прифатен. Тој е во продукција на студио „Кристал“ од Тетово и автор на фотографиите е Горан Јаневски. Локацијата на која е снимен е „Ремал“, една од најубавите во Тетово, рече Апостолов за Дума.мк.
Младиот автор и интерпретатор музицира цели 13 години. Бобан Апостолов учествуваше на аудиции на „ Macedonian idol m2 show“ и се подготвува за учество на „ Zvezde granda“. Македонската публика имаше можност да го запознае и на „Канеофест 2015“.
Убавка Јаневска
