Со „Епилог″, популарното дуо „Дафт Панк″ најави дека се разделува (ВИДЕО)
23.02.2021
Иако париското дуо „Guy de Homem“ – Кристо и Томас Бангалтер, попознати како Дафт Панк, долги години ја воодушевуваа публиката со електронска музика, тие сега одлучија да стават крај на досега заедничката работа.
Своите хитови ги составија во осумминутно видео наречено „Епилог“ и го објавија на нивниот канал на Јутјуб. На тој начин тие објавија дека ставаат крај на тоа поглавје од нивните животи.
Тие направија некои од најголемите „танцувачки“ и „поп“ хитови, а публиката ја воодушевија од 1993 година.
Нивните најголеми хитови се дефинитивно песните “Get Lucky”, “One More Time”, “Harder, Better, Faster, Stronger”, “The Game Has Changed” и многу други. Оваа вест растажи многу обожаватели.
– И оваа година почна лошо. Дафт Панк се распаднаа – пишуваат фановите на социјалните мрежи. Јавноста сè уште не ја знае причината зошто бендот повеќе нема да постои.
Тие го издадоа својот прв албум „Homewor“ во 1997 година, а во 2001 година почнаа да носат роботски кациги и „униформи“ во јавноста, кои станаа нивен заштитен знак.
Мите Јаначков
