(ВИДЕО) Погледнете го на Ју Тјубе спотот на орото „Александровиот сон“ на новата музичка надеж на Велес
Објавено: 20 март, 2021, во 12:51 часот
20.03.2021
Веќе пишувавме за Александар Пановски, младиот хармоникаш на кој многу македонски автори, композитори и аранжери му предвидуваат извонредна музичка иднина .
Завршена е монтажата на видео спотот на орото „Александровиот сон“ што Александар го свири на хармоника и е поставен на неговиот личен ЈуТјуб Канал.
Спотот во голем дел е сниман во неговото матично училиште ,,Блаже Конески“ во Велес.
Погледајте го, од Велес е!
