Нетфликс го запре големиот пад
Објавено на 20 октомври, 2022 во 13:23

Нетфликс го затвори третиот квартал со повисоки приходи, завршувајќи го шестмесечен период на пад на претплатниците.
Во периодот од јули до септември, компанијата го зголеми бројот на претплатници за 2,41 милиони, на повеќе од 223 милиони, благодарение на успехот на сериите како Стрејнџер тингс и Дахмер Монстер. Во четвртиот квартал, Нетфликс очекува 4,5 милиони нови претплатници.
„По предизвикувачката прва половина од годината, веруваме дека повторно сме на пат кон забрзување на растот“, се наведува во соопштението на Нетфликс, објави ХИНА.
