Паркинг место во Хонг Конг продадено за рекордни 1,3 милиони долари

Објавено на 8 јуни, 2021 во 18:32

Тоа е една од неколкуте локации што се продаваат во ултра луксузно маало во населбата „Пик“, објави Би-Би-Си.

Хонг Конг е толку густо населен што секоја област, без разлика дали е за домување или за паркирање автомобил, може да чини огромна цена.

Хонг Конг често е на врвот на листата на најскапи места за живеење во светот.

Претходен рекорд за цена на паркинг простор беше поставен и во Хонг Конг кога едно такво место достигна цена од 980.000 американски долари во 2019 година.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.