Porsche планира да го зголеми бројот на произведени електрични Macan
Porsche планира да го зголеми бројот на произведени електрични Macan во споредба со оние со внатрешно согорување.
– Произведуваме над 80 илјади парчиња од сегашната генерација. На долг рок, планираме да го произведуваме целосно електричниот Macan во таков обем, изјави за Automotive News Europe шефот на производството на Porsche, Албрехт Рајмолд.
Производството на целосно електричниот Macan би требало да започне кон крајот на 2023 година.
Сепак, според извори на Automotive News Europe, почетокот на производството на електричниот Macan и неговиот „роднина“ Audi Q6 e-tron би можел да биде одложен бидејќи VW сè уште не успеал да го развие новиот софтвер.
Во првата половина од годинава Macan е продаден во 38.039 примероци, а го надмина само поголемиот брат Cayenne (41.947 примероци).
Macan ќе биде вториот целосно електричен модел на германскиот производител по спортскиот Taycan.