Ричард Скот Вилијам Хачинсон, роден со тежина од 340 грама, го прослави првиот роденден

Објавено на 21 јуни, 2021 во 17:26
Ричард Скот Вилијам Хачинсон, бебето од Гинесовата книга на рекорди

Мал борец. Што друго може да се каже за Ричард Скот Вилијам Хачинсон кој влезе во Гинисовата книга како најрано родено бебе што преживеало.

Роден е пет месеци пред време во детска болница во Минеаполис. Неговите лекари им ги соопштиле мрачните прогнози на неговите родители. Неговата мајка Бет Хачинсон доживела медицински компликации кои предизвикале породување во четвртиот месец од бременоста.

Ричард Скот Вилијам Хачинсон роден е на 131 денови пред очекуваниот термин. Ричард тежел само 340 грама. Тој бил толку мал што неговите родители можеле да го држат во дланката на едната рака.

Ричард Скот Вилијам Хачинсон по раѓањето

„Кога родителите Рик и Бет разговараа со лекарите, нашиот неонатален тим со тешко срце им објасни да не очекуваат дека Ричард ќе преживее, бидејќи е роден многу рано “, изјави доктор Стејси Керн. Тој ја следел состојбата на Ричард.

„Знаев дека првите недели од животот на Ричард ќе бидат многу тешки, но чувствував дека може да преживее ако успее да го помине тоа“, додаде докторот.

Поради пандемијата на коронавирусот, на родителите на Ричард, не им било дозволено да останат во болницата преку ноќ. Тие секој ден патувале по неколку часа од дома до болницата за да бидат покрај него.

Ричард Скот Вилијам Хачинсон со родителите

Во декември 2020 година, поточно по повеќе од 6 месеци во болницата, Ричард бил отпуштен и заминал дома во прегратките на неговите родители.

„Денот кога го добивме отпусниот лист беше посебен. Се сеќавам на моите очи исполнети со солзи кога го извадив од кревет“, се присетува Бет.

На 5 јуни, годинава, малиот борец го прослави својот прв роденден со семејството. 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.