Што прво гледате на илустрацијата?
Пар
Доколку прво видовте силуети на љубовници, тогаш вие имате посебна поврзаност со луѓето во вашата околина. Тие сакаат да поминуваат време со вас, а вам ви се потребни комуникација, интимна врска, чувство на блискост и саканост. Внимателни сте, се грижите за најблиските и секогаш сте подготвени да им помогнете на другите.
Жена
Доколку прво забележавте жена, тоа значи дека имате голема способност за емпатија. Добро ги разбирате луѓето, знаете како да ги пронајдете вистинските зборови и да бидете добар пријател. Грижливи сте, посветени и верни, а не поднесувате конфликти. Главна цел во животот ви е да им помагате на другите и да ги правите посреќни.
Маж
Доколку прво видовте маж, на животот гледате трезвено и имате рамнотежа во него. Размислувате објективно и критички, но секогаш го слушате само својот ум. Вие сте од оние луѓе што остануваат мирни во тешки ситуации. Живеете во сегашниот момент и не им се препуштате на мечтите и соништата.
Јаболко
Доколку прво видовте јаболко, тоа покажува дека имате способност да ги исправите било кој проблем или опасна ситуација. Многу сте внимателни во процесот на одлучување. Лесно поставувате приоритети и ѝ верувате на интуицијата. Може да одржите рамнотежа дури и во исклучително променливо опкружување.
Извор: DDL