Што треба да направите во време на невреме и грмотевици
Стандардниот напон на електричната енергија во државава и во други држави на Европа е 220 волти додека ударот од гром може да ослободи напон од неколку милиони волти. Тоа е сериозен проблем за електричните апарати во домот во услови на невреме проследено со електрични празнења.
Последиците што може да се случат ако удри гром удри во домот или во близина на него се дека ќе останете без електронски уреди кои не можат да издржат толку голем напон.
Затоа исклучете ги сите апарати од напон на струја кога ќе слушнете вакви најави за временска прогноза.
Доколку останете без струја потребно е да не ги вклучувајте уредите веднаш штом електричната енергија се врати во домот. Потребно е да почекате извесен временски период додека да се стабилизира напонот.
Еве што треба да правите за време на грмотевици:
– исклучете ги сите апарати од штекерите во куќата или станот или ставете посебна заштита на овие инсталации.
– седете во затворена и затворете ги вратите и прозорците
– соберете ги нозете, држете се подалеку од штекери
– влезете во колата
– клекнете или легнете на отворено
– чадор со метален врв особено го привлекува громот, но нема да бидете многу позаштитени ако ја соберете оваа опрема