Симбол на човековата ранливост, огромна скулптура „никнала“ среде пустина и носи важна порака
Иако носи важна и потресна порака, ни самата скулптура во облик на човекова рака не останала поштедена.
Дека во пустината има живот, докажува чилеанската Атакама со необичната атракција. Во северниот дел од земјата, недалеку од автопатот кој поминува низ огромната пустина, од песокот „ѕирка“ огромна човекова рака. Скулптурата со име Mano del Desierto изработена е во облик на човекова рака и висока е 11 метри.
Локалните власти го нарачале ова дело од Марија Иразабела за да го исполнат празниот простор. Убавата глетка потсетува на рака која „потонува“ што е пораката која ја испраќа уметникот.
Имено, таа ја симболизира човековата ранливост и беспомошност, а потсетник е и на тешката историја на чилеанскиот народ и бројните кршења на човековите права. Иако носи важна и потресна порака, често таа е мета на вандали кои ја шараат со графити.
Без оглед на несреќните околности, споменикот им е достапен на сите и не се наплаќа пристапот до него.