„Stranger Things“: Објавена пред неполна недела, веќе е најгледаната серија на „Netflix“ (видео)

Објавено на 3 јуни, 2022 во 10:31

Откако пред нешто помалку од една недела на „Netflix“ беше објавена четвртата сезона од серијата „Stranger Things“, истата го собори рекордот на гледаност во првиот викенд од прикажувањето, со што ја симна од тронот втората сезона на серијата „Bridgerton“ која важеше за најгледана серија на „Netflix“.

Според листата на 10 најгледани серии на „Netflix“ минатата недела, „Stranger Things“ достигна неверојатни 287 милиони часови гледаност, додека „Bridgerton“ го држеше рекордот од 193 милиони часови. Успехот е дотолку поголем ако се има предвид дека серијата всушност беше достапна само три дена таа недела, од петок до недела. Исто така, има поголема гледаност од останатите девет наслови вкупно.

https://www.youtube.com/watch?v=yQEondeGvKo

Новата сезона на „Stranger Things“ привлече гледаност и со претходните сезони, па првата, втората и третата се најдоа на листата на најгледани, иако со многу помалку часови.

Да потсетиме, четвртата сезона излезе по тригодишната пауза, а нејзиното снимање траеше подолго поради коронавирусот. Првиот дел од новата сезона е достапна на „Netflix“ од минатиот петок, додека вториот дел треба да излезе на 1 јули оваа година.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.