Видео со полицаец кој вежба на улица собра 12.000 прегледи за 24 часа

На социјалните мрежи се споделува видео со млад македонски полицаец кој пред да стигне на работа рано утрото на улица среде Скопје прави склекови. Како што се наведува во дел од коментарите на видеото објавено на социјалната мрежа Твитер, младиот полицаец го снимил еден од станарите од соседната зграда лоцирана во непосредна близина на Италијанската Амбасада во центарот на Скопје.
И додека на некои им делува само смешно и интересно, најголемиот дел од коментарите за младиот полицаец се: „Ова е за поздрав. Дај боже барем половина од полицајците да се како овој“.
Интересно е што видеото за 24 часа на социјалните мрежи достигна гледаност од преку 12 илјади прегледи.
Во продолжение може да го погледнете видеото кое прерасна во интернет сензација деновиве во Македонија.
