Во Opel открија свој модел за кој долго време не знаеле дека постои

Објавено на 26 август, 2022 во 10:53

Производителите на автомобили генерално се свесни за својата историја и имаат луѓе задолжени за архивите. Но, понекогаш се случуваат изненадувања. На аукција се појавија фотографии од досега непознат прототип на комбе „Опел“ од 1930-тите.

Возилото за испорака беше без долгиот капак на моторот, што беше вообичаено во тоа време, односно беше претставен дизајнот на кабината над моторот, што е вообичаено денес. Проектот 1.5-23 COE никогаш не влезе во сериско производство. Веројатно за тоа одлучија политичките околности, промената на германската политика, која ги префрли сите индустриски капацитети на производство на оружје.

Овие фотографии ги немало во архивата на Opel, односно никој не знаел за споменатото комбе, наведува Ревија ХАК.

Сепак, проектот 1,5-23 COE дојде прерано и (или) во лошо време. Лесните комерцијални возила беа класифицирани како несуштински за воените напори, а Opel веројатно сфатил дека производството нема да донесе профит.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.