WhatsApp наскоро би можел да го отстрани временскиот рок за бришење пораки
WhatsApp е една од најпопуларните комуникациски услуги досега, со милијарди луѓе кои ја користат ширум светот во секое време. WhatsApp е општо подобрување во однос на SMS пораките во повеќето области, но сепак има одредени ограничувања – особено кога станува збор за бришење на вашите сопствени пораки, пишува XDA-developers. Во моментов има временско ограничување за тоа колку време имате откако ќе испратите порака да ја избришете, но според новиот извештај, тоа наскоро би можело да исчезне.
WhatsApp не поддржуваше бришење пораки за сите во разговорот сè до 2018 година, кога беше додаден тајмер кој им даваше на луѓето 4.096 секунди (68 минути и 16 секунди) да избришат порака откако ќе биде испратена. VABetaInfo сега најде докази во најновото ажурирање на WhatsApp Beta дека временскиот рок може да биде отстранет. Се чини дека нема дополнителни ограничувања или проблеми, барем засега – ќе можете да ја избришете секоја порака што сте ја испратиле во кој било момент од историјата.
Не е јасно кога би можела да пристигне новата функционалност, а можно е и WhatsApp да се откаже. Промената сè уште не е присутна ниту во бета-изданијата, па ако се претпостави дека WhatsApp продолжува да се развива, веројатно нема да биде достапна за секого со недели или месеци.
Meta (запомнете, Facebook го смени името) напорно работи на WhatsApp во последните неколку месеци. Ограничените трансфери на разговори од iPhone на Android пристигнаа пред неколку дена, а шифрирани резервни копии „од крај до крај“ беа објавени во октомври. Услугата работи и на редизајниран режим „Picture-in-Picture“ и можност за паузирање на гласовните снимки.