Шест милиони верници го следат папата Франциско на Твитер

Објавено на 30 април, 2013 во 14:39

На Твитер профилот на папата Франциско се регистрирани над шест милиони следбеници, од кои 2,7 милиони се нови, во 48-те дена од понтификатот. Тоа претставува пораст од просечно 60.000 дневно.

Прагот од пет милиони е поминат на 4 април, помалку од еден месец по изборите на првиот аргентински папа во историјата.

Од 12 декември, датумот кога Бенедикт Шеснаесетти го испрати првиот твит на англиски јазик од својот профил @pontifex, 3,3 милиони луѓе во светот одлучија да го следат папата на девет јазици.

Папата Франциско ја испрати својата прва порака на 17 март и оттогаш напиша 27 твитови./В.Р

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.