„Твитер“ и официјално поврзува луѓе

Објавено на 11 мај, 2013 во 13:53

Социјалната мрежа „Твитер“ не е само платформа на која корисниците можат да го изразат своето мислење, туку им помага на луѓето да одржат врска со пријателите и со познајниците што се оддалечени стотици километри.

Истражувачите анализирале 1,5 милијарда твита што во изминатиот месец ги објавиле 70 милиони твитерџии. Откриле дека колку што се оддалечени корисниците, толку почесто си праќаат пораки едни на друг.

Интересно е што твитовите создадени во Европа повеќе се ретвитуваат од оние во САД. Истражувачите откриле дека нови корисници доаѓаат од Блискиот Исток и од Источна Европа, а највлијателни се твитерашите од Индонезија и од Западна Европа.Тие што се географски поблизу поретко стапуваат во контакт. Така Латинска Америка е подобро поврзана со Европа отколку со САД, кои пак се подобро поврзани со Азија. Блискиот Исток, од друга страна, е многу подобро поврзан со САД и со Европа./В.Р

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.