Наскоро на менито хамбургер со вештачко месо!

Објавено на 17 мај, 2013 во 08:15

На менито на рестораните наскоро би можел да се најде и хамбургер со вештачко месо т.е месо произведено врз основа на матични говедски ќелии.

Главно својство на овој хамбургер “in vitro”,кој е плод на истражувањето на холандскиот професор Марк Пост е дека нема ни трошка маснотии.

Спoред Њујорк тајмс ,иако без маснотии, вештачкото месо на чиј прототип се потрошени  250.000 евра, има ист вкус како и месото од обичен хамбургер. Со оглед на моменталната цена на неговото производство ќе биде потребно да се почека некое време за овој необичен хамбургер да се најде во широката понуда.

Весникот наведува дека постојат неколку препреки, како научни така и културолошки.

Најнапред треба да се унапредат испитувањата за да се намалат трошоците на производство што е еден од условите за комерцијализација а потоа да се убеди јавноста да го остави месото произведено на традиционален начин и да прејде на „лабораториски“ хамбургери.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.