Како да се отстранат дамките од кафе ?

Објавено на 27 мај, 2013 во 09:32

Веројатно многу пати ви се има случено да го излиете кафето врз себе, врз чаршав или тепих. Пронајдовме за вас неколку совети како да ги отстраните дамките од црното кафе.

Делот на кој го изливте кафето натопете го со ладно млеко оставете да стои некое време,  а потоа исперете со детергент.  Дамката премачкајте ја со смеса од една жолчка и глицерин и тријте со четкичка а потоа измијте со вода. Штом го истурете кафето ако имате при рака газирана вода со неа исперете ја дамката.

Во малку вода додадете детергент за садови и малку сол па полека со четка истријте ја смесата.  Исто така можете да направите мешавина од алкохол и оцет (1:1)  и тоа да го втриете на ткаенината а потоа да се испере со ладна вода. Ако кафето ви се излие на бела облека измешајте Доместос со малку вода и со четка истријте ја дамката. Исто така може да ви послужи и обичен избелувач кој директно од шишето ќе го истурете врз дамката.

Исто така кога се во прашање бели работи можете да ги сварете во лонец на старински начин, а потоа да ги исперете во машина на вообичаен начин.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.