Исчистете го среброто!
Без оглед на тоа што имате од сребро секогаш е многу важно тоа да ја задржи првобитната боја.
Измешајте 1 лажица сода бикарбона и 1 лажица морска сол .Земете сад во кој ќе ставете вода така да го прекрие целото сребро кое саката да го исчистите. Потоа ставете во водата сол и додајте ја содата бикарбона. Оставете да стои 15 минути а потоа исушете го со мека крпа.
Оцетот исто така ќе ви помогне да исчистите сребро. Доволно е да го ставите среброто во чинија со оцет и оставете да стои околу 20 минути. Протријте го нежно со четка за заби а потоа извадете го од оцетот и ставете го во млака вода. На крај избришете го со крпа и оставете добро да се исуши.
Ставете во сад зовриена вода а во неа ставете малку детергент за садови. Ставете го среброто во мека крпа и полека тријте го. Кога ќе завршите оставете го да се исуши.
Пастата за заби може исто така да ви помогне да го исчистите среброто. Доволно е да ставете малку паста на четкичката и полека д аги триете предметите кои сакате да ги исчистите. Кога ќе завршите измијте со ладна вода и исушете со крпа.
