Дали сте за секс диета?

Објавено на 25 јуни, 2013 во 09:06

Сериозно земете ја во предвид апстиненцијата од еден месец, тогаш повеќе од сигурно ќе го подобрите вашиот сексуален живот.

Сексот би требало да биде нешто што ве зближува со партнерот, што го правите со задоволство и едвај чекате да се случи. Но на секого му се случуваат лоши денови, натрупани со обврски, кога едноставно недостасува време за се`, па и за секс.

Многу сексолози ги изнесоа своите мислења околу тоа колку може апстиненцијата во такви случаи да помогне. Во човечката природа е всадено дека забранетото овошје е најслатко, па ако донесете одлука да паузирате од секс, тоа може значително да ви ја подгрее желбата за овој чин.

Немојте да мислите дека додека апстинирате би требало да си ја скратите и останатата физичка блискост.

Апстиненцијата може да биде многу корисна и ако вашиот партнер има проблем со потенцијата. Кога неговата желба ќе нарасне до голем размер, престанете да се грижете околу тоа дали може да ве задоволи.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.