Што значат соништата?
Додека некои пробуваат да го заборават она што го сонувале, други бараат што се крие зад сето тоа. Во нив се гледа симболика и верба дека станува збор за нашата потсвест.
Вашата потсвест знае многу повеќе за вас отколку вие самите. Често во животот ќе ви даде до знаење за вашиот начин на живот, како би ве советувала што треба да направите. Во соновите пробува да допре до вас, понекогаш на убав, а некогаш и на не толку убав начин тврдат стручњаците кои се бават со ова.
Во кризни или стресни ситуации, луѓето честопати сонуваат како некој ги брка или напаѓа ( чудовиште, диво животно или пак човечки лик на кој неможат да му го препознаат лицето).
Повреда или смрт
Обично станува збор дека сте повредени или дека живеете во страв од повреди, телесни или емоцијални а понекогаш соновите ни даваат до знаење и дека не се грижиме доволно за нашето зравје.
Изгубени во шума или лавиринт
Таквите сонови обично ни кажуваат за чуство на дезориентираност, чуство на напуштеност, осаменост.
Заробени
Во вистинскиот живот се осеќате загрозено од родителите, партнерот или работодавателот. Ви се чини дека сте застанале со животот и не гледате излез од моменталната ситуација.
Чудни маски
Оваквите сонови укажуваат на тоа дека некој во вистинскиот живот пробува да го скрие своето право ”јас”. Маската симболизира неверство, лага па дури и страв од вистината. Откривањето на маската означува дека не сте спремни да ја чуете или кажете вистината.
Црни птици
Гавраните и чавките најавуваат несреќа или пак неуспех. Црните птици симболизираат мрачни мисли и внатрешна борба. Ако во сон ги бркате птиците од себе, значи дека во реалноста ќе се соочите со страшни работи.
Костур
Ретко се однесува на особа која починала во реалниот живот. Почесто се изразува потребата за разбирање на работите и случувањата а понекогаш укажува и на страв од сопствената смрт.
Мртовечки ковчег
Означува крај на еден живот, разболување или љубовна врска.
Провалија
Се однесува на тешки ситуации во реалниот живот. Ако во сон стоите пред провалија, најверојатно сте очајни и уплашени од некоја причина. Провалијата може да се разбере и како предупредување и дека е потребно повторно да размислите за некои одлуки.
