Секој седми во Англија испраќа еротска смс порака по грешка

Објавено на 2 август, 2014 во 08:19

Секој седми без да сака испраќа СМС-порака со интимна содржина на погрешен број, покажуваат резултатите од истражување спроведено во Велика Британија.

Секс пораките по мобилен или e-mail стануваат сè повеќе популарни не само меѓу младите туку и кај голем дел од возрасните со подобра позиција во општеството. Интимната содржина се пренесува преку современите средства за комуникација – мобилен телефон, електронска пошта или социјални мрежи.

Истражувањето покажува дека секој седми испраќа еротски SMS-и на погрешна дестинација, односно на човек кој воопшто не треба да го прочита тоа. 37% од грешните пораки се испраќани на пријатели, 25% за поранешен љубовник, 17% кон колеги, 9% на членови на семејството и 7% кон непознати. Во поголем дел од случаите луѓето се извинуваат со повторна порака, објаснувајќи дека содржината се однесува на друг. 39% се преправаат дека ништо не се случило.

Од испитаниците 19% признаваат дека примиле SMS со непристојна понуда од човек од кого не очекувале. Подоцна сфаќаат дека не е наменето за нив.

Грешката е предизвикана најчесто од прекумерна употреба на алкохол кај 77 отсто од случаите.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.