Го користат Твитер за споделување на информации за себе
Низ целиот свет има околу 190 милиони Твитер корисници, а 19 проценти од интернет корисниците во САД велат дека го користат Твитер или некоја слична страна за да споделуваат информации за самите себе.
Психолозите немаа доволно време да го истражат Твитер бидејќи тој се појави дури во 2006 година, иако, некои рани испитувања покажуваат дека пред Твитер постоеле и други социјални мрежи.
Што е Твитер?
Твитер е спој на социјална мрежа и блог. Во блогерскиот дел , корисниците пишуваат јавна порака од 140 карактери. Во делот за социјална мрежа пак, луѓето “се следат” едни со други и стануваат дел од меѓусебните разговори наТвитер. Корисниците можат исто така да пренесуваат пораки од други луѓе на луѓето што нив ги следат.
1. Твитер наликува на играта‘расипан телефон’
Најголемата предност на оваа социјална мрежа е што пораките се куси и се пренесуваат брзо и лесно. Разликата од нормалниот разговор е тоа што корисниците стануваат дел од најразлични интеракции. Тоа е исто како да сте на забава и истовремено разговарате со 10 различни групи на луѓе.Твитер ги нуди сите можни функции што можат да се воспостават за време на еден разговор: повеќето од информациите само се повторуваат, но, со текот на времето пораките се менуваат како во играта позната како ‘расипан телефон’, во Велика Британија позната како кинески шепотења (Chinese whispers), бидејќи луѓето ги препрочитуваат пораките, одново ги интерпретираат со тоа што се менува значењето на првата порака. Меѓутоа, Твитер не изгледа секогаш како разговор бидејќи луѓето го користат на различни начини. Со други зборови, Твитер не служи само за социјализирање, туку исто така има и информативна улога, до која ќе стигнеме натаму во текстот.
2. Луѓето се приклучуваат на Твитер за да ги следат нивните пријатели
На почетокот, анализите на корисниците на Твитер мрежата покажаа дека луѓето се приклучуваат затоа што нивните пријатели веќе го користат. Мрежите изгледаа исто како во анализите на мрежите на мобилните телефони. Големиот број на корисници беше сосема очекуван: луѓето лесно се согласуваат со техничките норми затоа што услугите се често бесплатни, а добро знаеме дека “бесплатно” е цена на која не можеме да одолееме. Бројот на корисници и не е толку интересен колку што е интересен фактот за што и како го користат Твитер.
3. Повеќето од пораките на Твитер се само дрдорења
Иако не станува збор за академско истражување, една компанија за анализи издаде податоци за што зборуваат луѓето на Титер откако собрала 2 000 пораки во текот на една недела. Овие пораки спаѓаат во шест категории: 1. Празни дрдорења: 41% 2. Разговор: 38% 3. Пренесување на пораки: 9% 4.Себепромовирање: 6% 5. Спамирање: 4% 6. Новости: 4%
Она што се нарекува ‘празно дрдорење’ може исто така да се нарече социјална учтивост или пак само дрдорење. Тоа е исто како кога некој ќе ви рече: ‘Како си?’, а вие велите ‘Добро сум.’ Можеби звучи обично, меѓутоа воопшто не е безначајно.
4. Просечната возраст е 31 година
Просечната возраст на корисниците на Твитер е 31 година, што е поголема од таа на Мајспејс што е 26 години, а помала од таа на Фејсбук што е 33 години. Линкдин ја има највисоката просечна граница што е 39 години. Се проценува дека на Твитер, најголемиот број на корисници се тие на возраст од 18 до 24 години.
5.Мажите водат на Твитер
За разликите помеѓу половите зборуваат Хејл и Пискорски. Тие откриле дека на Твитер има малку повеќе жени од мажи (55% се жени), меѓутоа, земено во просек, мажите имаат 15% повеќе следбеници отколку жените, со тоа што мажите побрзо би следеле други мажи а жените пак за 25% повеќе би следеле мажи.
6. 20 % од корисниците информираат, а 80% се фалат
По анализата на 350 пораки собрани од Твитер, Нааман, откри два вида на корисници: Оние што информираат: тие се 20% од корисниците што споделуваат информации и комуницираат со други корисници. Оние што се фалат: тие се 80% од корисниците и праќаат пораки во кои даваат информации само за себе. Тие што даваат информации најчесто имаат поширока социјална мрежа, можеби затоа што споделувале интересни информации и не зборувале за себе цело време. Оваа поделба укажува на различните начини на кои корисниците го користат Твитер. Исто така, укажува дека аспектот на разговор на Твитер можеби е и преувеличен. Ако 80% од корисниците не одговараат на туѓи пораки, тогаш не станува збор за социјална мрежа.
