Што знаеме за вереничкиот прстен?
Обичајот на давање веренички прстен потекнува од Стариот Египет. Египјаните се заслужни и затоа што се носи на четвртиот прст на левата рака, бидејќи верувале дека токму таму се наоѓа вена која е директно поврзана со срцето.
Дали знаевте дека просечниот маж трага за совршениот прстен дури по три месеци? Мажите најчесто избираат едноставни прстени кои потсетуваат на бурми, со додаден дијамант. Белото злато и платината се најпопуларните материјали денес.
Парис Хилтон е девојката која го добила најскапиот веренички прстен вреден дури 4,7 милиони долари. Иако веридбата пропадна, не се сомневаме дека го задржала прстенот.
Истражувањата покажале дека девојките често пати одбиваат веридба, само заради тоа што прстенот не им се допаѓа. Звучи екстремно, но девојките сакаат кога прстенот одговара на нивната личност и стилот кој го негуваат.
Затоа внимавајте и одберете, дури и со помош на некој од нејзините пријателки, но бидете сигурни дека Вашата девојка нема да дознае ништо. На крајот сепак најважен е чинот, а се чини дека девојките сакаат да биде изненадување!
