Билките можат да слушнат како ги јадете

Објавено на 6 август, 2014 во 07:14

Тврдењето дека билките плачат додека ги јадете не е фикција. Имено, билките навистина произведуваат течност додека се пробуваат, односно масло кое го користат како одбрана против предаторот “јадач”, покажа студијата на Универзитетот во Мисури.

Научниците утврдија дека билките можат да ги идентификуваат и да ги разликуваат звуците од околината, пишува “Daily Mail”.

Тие нема да реагираат на звуци на ветар, но ќе реагираат на зувк на грицкање на лисјата. Тогаш ќе почнат да испуштаат “одбрамбени сокови” кои го влошуваат вкусот, објаснуваат научниците. Со помош на рефлектирачка хартија и ласер тие успеале да ги измерат реакциите на билките на напад на гасеници и да ги споредат со билките кои не биле јадени.

“Претходните студии покажаа дека билките можат да реагираат на звуци од околината, на пример на музика, но ова е прво истражување кое ја покажува реакцијата на тие вибрации”, изјави водителката на студијата, Хајди Апел.

Таа додава дека всушност тие вибрации се сигнал на билките да го променат метаболизмот на своите станици за да се одбранат од предаторот. Реакцијата на билките ги натерала гасениците да ги остават.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.