Карма
Законот на кармата тргнува од основата на Третион Њутнов закон „за секоја акција (примена на сила) се јавува еднаква, но спротивна по насока реакција (сила со иста јачина и спротивна насока) “ или како што нашиот народ едноставно ќе каже „што си сеел,тоа и ќе жнееш “. Закон на причинско -последична поврзаност на сите дела, мисли,верувања и активности.
Овој закон е интегрален дел на Хинду филозофијата именуван како „ карма “ што во превод би зналечело „ да дејствуваш“. Секој човек е целосно одговорен за сите свои постапки, мисли и дела, од каде што може да се заклучи дека е целосно одговорен за својата судбина. Но, далеку од тоа дека кармата треба да биде толкувана како фаталистичка предодреденост, секој човек имајќи слобода на избор и целосна контрола на сегашноста, поседува моќ да ја контролира својата иднина. Позитивните постапки, мисли и емоции привлекуваат позитивна карма, а со самото тоа и СРЕЌЕН И ИСПОЛНЕТ ЖИВОТ.
