Знаете ли од каде доаѓаат, најдобрите „пријатели“ на жените?

Објавено на 22 август, 2014 во 06:06

Додека геолозите имаат различни мислења околу тоа како навистина се формираат фијамантите, се согласуваат околу тоа дека се формирани од јагленород и дека се потребни голема топлина и притисок низ милиони години за да се добие дијамант.

Оваа топлина и притисок се смета дека постоеле во времето на растопени карпи пред да постои површината на Земјата односно кога вулканите имале можност да ги креираат тие услови.

Една работа околу која сите се согласуваат, е дека дијамантите се најцврстите и еден од највредните супстанци кои човекот ги познава. Не само што дијамантите се употребуваат како накит (само околу 20% од ископаните дијаманти), туку повеќето од нив се употребуваат во индустријата, за сечење на цврст метал, за иглите на снимачите, за транзистори и многу други видови опрема.

Јужна Африка произведува околу 80% од светското производство на дијаманти, потоа Русија и Јужна Америка. Дијамантските наоѓалишта во Јужна Африка се пронајдени во 1866 кога еден фармер со децата пронашол „интересно камче“ во реката, кое потоа се претворило во дијамант вреден 2500 американски долари!

Иако денес се произведуваат дијаманти (со компресија на јагленород во екстремно високи темепратури), повеќето се употребуваат за индустриски цели, и се помали од зрно сол. Овие произведени дијаманти во големина за накит чинат многу повеќе отколку да пронајдете рудник и да ископате дијамант во иста големина.

Најголемиот дијамант пронајден е Оденскиот дијамант („Odlinan diamond“) со 3106 карати кога бил ископан. Сега е дел од Британскиот кралски накит.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.