Невработените побрзо стареат

Објавено на 18 октомври, 2014 во 07:33

Истражувањето спроведено на колеџот Империјал во Лондон открило повеќе знаци на стрес во ДНК на невработените лица.

Всушност, станува збор за еден од показателите на стареење, односно скратување на теломерите. Теломерите се структури на ДНК сместени на краевите на хромозомите, а нивното скратување е веќе поврзано и со поголемиот ризик за болести кои се почести во повозрасниот животен период.

Поранешните студии веќе ја открија врската меѓу скратување на теломерите и преголемата оптовареност на работното место, особено кај лицата кои работат на повеќе работни места. Истражувачите тоа го објаснуваат со делувањето на стресот, независно од тоа дали се работи за невработени лица или за оние кои премногу работат.

Новите наоди се засноваат на податоците собрани од околу 5.600 испитаници родени 1966 година, при што скратувањето на теломерите било најзабележливо кај испитаниците кои подолго време биле невработени.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.