Кој ја предводи листата за најздраво срце во светот?
Боливиското племе Цимане ги изненадие американски истражувачи со неверојатни индикатори според кои нивните срца се најздравите во светот. Кај нив научниците регистрирале најниските нивоа на срцева активност, или на затнати артерии и ризици од инфаркт, пренесе ББС.
Причината лежи во нивниот режим на исхрана, кој е доста различен од нашиот. И ако нема и ние да се вратиме на древните налини на живеење лов и сбирање, истражувачите сметаат дека можеме да земеме многу важна лекција од овие луѓе.
Цимане се релативно малку во општество околу 16 000 луѓе кои се занимаваат со лов и земјоделство во амазонската џунгла. За разлика од нас, тие речиси не консумираат масти, шеќер, алкохолни и тутунски производи.
Научниците дошле до нив по долг пат и пловење со кану на реката Маникуј, отворајќи свет сличен како пред илјадници години. Еве и некои љубопитни факти од нивното мени: 17% од нивната храна е составена од месо на диви животни како свиња, тапир и капибара; 7% се од слатководни риби како Пирана и сом; остатокот од исхраната заземаат култури како ориз, пченка и маниока. Тие консумираат и исклучително многу овошје и ореви.
Гледано од содржината 72% од калориите овие “диви луѓе” ги набавуваат од јаглехидрати, а само 14 отсто се од масти. Исто така Цимане се многу активни физички во просек 17.000 чекори на ден.
Ова се однесува како за децата, така и за постарите луѓе. “Тие имаат неверојатна физичка активност”, коментира д-р Грегори Томас од медицински центар “Лонг Бич Мемориал” во Калифорнија. Во-длабочината на студијат покажува дека луѓето под 45-годишна возраст во овој регион речиси немаат затнување на артериите. За споредба, секој четврти Американец страда од таков проблем, уште додека е млад.
Научниците објаснуваат дека ова истражување им одзеде доста време, па резултатите сосема не се симптоматски. Според Мајкл Гурвен, професор по антропологија на УКЛА, ако современиот човек сака да е здрав, треба да побара одговор токму во животот на луѓето од џунглата.
Тоа значи интензивни вежби, дури и изразени само како подолга прошетка во паркот, како и лишување од мрсна и слатка храна. Од листата природно треба да се избегнуваат цигарите и алкохолот.
Тој потсетува дека цивилизацијата ни дала многу, но и ни “украла” од нашето здравје преку седење во канцеларија пред компјутер и потрошувачката на силно обработена и токсична храна.