Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

velosipedskparking fin

Холандскиот град Утрехт сега има целосно право да тврди дека е дом на најголемиот паркинг простор за велосипеди во светот. Имено, до главната железничка станица е сместена гаража која има три нивоа и 12.500 паркинг места за велосипеди, а сето тоа на површина од 21.000 квадратни метри.

Одбраната локација, позиционирана веднаш до железничката станица на четвртиот по големина град во Холандија, им овозможува на патниците и посетителите лесно да комбинираат возење велосипед и воз, се вели во соопштението на државниот секретар во Министерството за инфраструктура на Холандија, Стиентје ван Велховен.

По пуштањето во употреба на овој паркинг простор, сега има околу 22.500 места за паркирањена велосипеди, сите во близина на железничката станица, се вели во објавата на локалниот весник De Telegraaf.

До завршувањето на втората и последната фаза од изградбата на 350-метри долгиот, подземен холандски паркинг за велосипеди, приматот го имаше Токио. Имено, главниот град на Јапонија може да се пофали со голема гаража за велосипеди со капацитет од 10.000 седишта.

Шефовите на локалната самоуправа во Утрехт велат дека трошоците за изградба достигнале близу 30 милиони евра, но и дека како коинвеститори се јавиле државата, како и холандската железница. Финансиска поддршка обезбедила и компанијата за одржување на железничката инфраструктура, Pro Rail.

Oд 2011 година се изградени скоро 100.000 дополнителни места за паркирање. Според холандското биро за статистика, во Холандија има околу 22 милиони функционални велосипеди. Ова значи дека Холандија е побогата со велосипеди отколку жители, така што на секој граѓанин на оваа земја доаѓа по 1,2 велосипеди.

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново