Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Grenland fin

Истражувачи на Светската метеоролошка организација (СМО) открија нов рекорд на најниска температура на Земјина северна хемисфера.

Според запис пронајден неодамна, по редовни проверки, на Гренланд на 22 декември 1991 година биле измерени -69,6 Целзиусови степени.

Тоа е за два степена пониско од досега познатиот рекорден студ.

Податокот е забележан од автоматска метеоролошка станица Клинк на Гренланд во средината на зимата пред речиси 30 години.

Досегашните познати рекорди од -67,8 Целзиусови степени се забележани во Верхојанск, Русија, во февруари 1892 година и во Ојмјакон, Русија, во јануари 1933 година.

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново