Дневен хороскоп за 16 јули
Овен
Ви недостасува смисла за дипломатија кога треба да се соочите со лицата кои без пардон ги оспоруваат вашите способности. Важно е да премолчите одредени ситуации. Доколку некој упорно ве критикува, тоа можеби претставува добра тема за размислување и преиспитување, но не и повод за нова емотивна расправа.
Бик
Престанете да ги провоцирате луѓето околу вас. Запомнете дека молчењето е злато. Само флексибилноста на работното место ќе ви донесе успех. Имате потреба партнерот да ви се воодушевува, само не претерувајте. Понудете нешто за возврат. Не бидете толку индиферентни кон сите работни обврски, внесете страст во тоа што го правите.
Близнаци
Денес ќе ви се пружи можност да надминете голем предизвик, но во ниту еден момент нема да сметате на туѓата помош. Ќе пуштате и орлови нокти ако е потребно, за да стигнете со сопствен напор до својата цел. Независно кој стои спроти вас денес, зборувајте од срце. Искреноста ќе гради мостови многу побрзо одошто ќе руши, а оние кои ќе ги сруши и онака не вределе.
Рак
Ситуацијата бара компромиси. Избегнувајте површност кон лицата кои не го заслужуваат тоа. Не сте објективни, така што не се давате максимално таму каде што треба. Не избегнувајте ги блиските, особено немојте партнерот, кој ја чувствува вашата дистанцираност. Семејните односи влијаат на плимата на песимизам.
Лав
Денес ќе ѝ погледнете в лице на ваша штетна навика, а потоа засекогаш ќе ѝ ја „треснете вратата“. Ова е ден кога решителноста ќе ви донесе прекрасни промени во начинот на живот. Оние Лавови кои се во врска, ќе соберат храброст да започнат разговор на деликатна тема со саканиот. На крајот од денот ќе легнете со огромно олеснување.
Девица
Наредниот период ќе функционирате под влијание на значајни промени. Тие ќе бидат добри или лоши во зависност од заслугите. Не сте работно насочени. Исправете ја главата и не дозволувајте никој да гази по вашата гордост. Ќе се каете ако им дозволите на луѓето да носат одлуки кои се спротивни на вашите интереси.
Вага
Ќе имате посебна желба да дотурате масло на проблемите. Размислете два пати пред нешто да кажете. Не го мешајте професионалниот совет од колегите со критика. На љубовен план премногу ќе се браните, па може да почувствувате заладување на односите. Оптимизмот ќе ви донесе нови успешни контакти. Не се повлекувајте на првата наидена препрека.
Скорпија
Престанете да ја гледате својата ранливост како слабост, бидејќи токму таа ви го дава шармот со кој често ја покорувате околината. Не плашете се да покажете што чувствувате. Можно е да почувствувате силна хемија со лице кое до неодамна било само ваш пријател. Дали сега верувате дека компромисот нè прави подобри личности?
Стрелец
Не се изолирајте од блиските. Концентрирајте се на работата, ви недостасува мотивација. Премногу им верувате на луѓето од финансиски аспект, поправете го тоа. Балансирате меѓу работата и пријателите и не се сомневајте во своите можности. Постои голема можност да го повредите партнерот, затоа бидете претпазливи.
Јарец
Предизвици, големи предизвици. Денес животот ќе ве фрли пред проблем кој ќе бара големи жртви од вас. Можно е да треба да се откажете од сегашниот начин на живот или целосно да се промените како личност за да го решите. Сепак, промените наместо да ви го натажат лицето, ќе ви дадат невообичаено чувство на внатрешно растење.
Водолија
Ова е добар ден за решавање на тешките работни проблеми. Само бидете селективни околу луѓето на кои се доверувате. Љубовните идеали може да ве направат несреќни. Попаметно е да се фокусирате на она што го имате и да размислите колку сте остри во одлуките. Време е да го направите првиот чекор на љубовен план.
Риби
Денес ваш добронамерен совет ќе наиде на огромен отпор од страна на блиска личност, но пред да се обвините себеси што сте ја посоветувале таа личност, потсетете се дека не сте имале лоша намера. Многу е важно во следниот период да ги „филтрирате“ луѓето кои заземаат место во вашето срце.