Спортски хороскоп!

Објавено на 24 декември, 2012 во 12:25

Секој знак од зодијакот „владее“ со дел од човечкото тело што влијае на нашето здравје, но и на начинот на кој треба да вежбаме и да се занимаваме со спорт…

Кога вашиот знак „владее“ со некој дел од телото, всушност треба да ги избегнувате активностите кои би можеле да го повредат токму тој дел. На пример, лавот управува со срцето, па оттука лавовите се склони кон срцеви удари. Затоа тие треба да се посветат на активности кои ќе ја поттикнат циркулацијата, но и да внимаваат да не претераат. Но, одиме со ред!

 

Овен – глава, мозок, очи, лице и мускули

Тренингот е нешто природно за нив, бидејќи го зголемува нивното расположение и го намалува стресот. Сакаат да победуваат, па оттука претпочитаат спортови со изразен натпреварувачки дух, но треба да избегнуваат активности кои би ја поттикнале лутината бидејќи таа предизвикува висок крвен притисок и потенцијални главоболки. Се чини дека уживаат во експлозии на интензитет и потење. Но, мора да внимаваат што прават – невниманието може да резултира со удари и модринки или дури и повреди на главата. Активности кои се препорачуваат се тенис, возење спортски мотор или автомобил, фудбал, маратонски велосипедизам, дигање тегови и мечување. Не треба да претеруваат и да очекуваат резултати веднаш!

 

Бик – врат, грло, тироидна жлезда, гласни жици и крајниците

Биковите сакаат удобност и храна, па вежбањето може да им претставува дополнителен напор. Склони се кон зголемување на тежината како што стареат, така што треба да имаат редовна физичка активност. Им одговараат едноставни работи како истегнување, вежби за зајакнување, танцување. Активности кои им одговараат се џогирање, тенис, сурфање на ветер, крос-кантри скијање и стомачен танц. Природата ги мотивира, па би уживале во прошетка или возење велосипед во убав амбиент. Слушање на музика додека се спортува би претставувало дополнителен поттик. Би им помогнало дури и градинарство или редовно шетање на куче. Сакаат да бидат дома, па купување на опрема за вежбање во домашни услови е одлична идеја.

 

Близнаци – дланки, раце, бели дробови и нервен систем

Типичниот близнак (ако таков воопшто постои) е постојано во движење, па секојдневниот начин на живот им помага да бидат во добра форма. Им треба нешто со што би ја избегнале досадата и рутината, веројатно не би уживале во нешто што не го стимулира како телото, така и умот. Инкорпорирање на музика и социјални активности во тренингот би ги одржало мотивирани. Треба да избегнуваат плитко дишење и да не претеруваат во активностите бидејќи имаат многу чувствителни бели дробови се доста чувствителни. За нив гимнастиката е добар избор. Исто така, близнаци, ќе уживаат даљ спортуваат заедно со партнерот. Ако можат да најдат време (и доволно внимание) им одговара и јога која би им помогнала во борбата против настинките и гриповите.

 

Рак – гради, градна коска, стомак, дигестивен систем и утроба

Посветени луѓе, способни да се определат за еден спорт или активност и да им се посветат на долг рок давајќи сè од себе. Им одговараат водени и тимски спортови. Дали ова ви звучи како некој познат олимпиец? Секако, Мајкл Фелпс е рак. За раковите страничните движења доаѓаат природно, па им годат и едноставни вежби со кревање на нозете и со свиткување и клекнување. Добра идеја е редовно шетање на кучето, но и посебна посветеност на стомачните мускули бидејќи имаат тенденција да се дебелат најмногу токму во овој дел.

 

Лав – срце, горен дел од грбот, кичма и аорта

Лавот владее со спортот и рекреацијата, па спортувањето и фитнесот доаѓаат како нешто природно за нив. Редовното вежбање е добро за нивната циркулација, но мора да избегнуваат претерување, особено да внимаваат на горниот дел од грбот. Им одговара да вежбаат пред други луѓе, но мора да се обидат да не го губат времето восхитувајќи се на себе си во огледалото кое го има секоја теретана или фитнес центар. Бидејќи се родени лидери многу е веројатно бргу да им здодее да тренираат во група со инструктор бидејќи тогаш некој друг, а не тие е главниот. Лавовите, особено мажите, се склони кон срцеви напади. Затоа брзо одење или џогирање на свеж воздух им годи бидејќи го зајакнува циркулаторниот систем. Активности кои се препорачуваат се  пилатес, танцување во двојки и секаде каде можат да се покажат и да дојдат до израз. Не треба да забораваат да се протегаат, исто како што тоа го прави вистинскиот лав!

 

Девица – симпатички нервен систем, слезина, и дигестивен систем

Во принцип, девиците сакаат да бидат во форма, но тоа е повеќе поради здравјето отколку поради изгледот и суетата. Навидум имаат бескрајна енергија, па им одговараат напорни активности во кои се вклучени сите мускули – велосипедизам, фудбал, хокеј. Сакаат да бидат во природа, па смрдливата теретана и не е толку добра идеја. Треба да си постават реални цели за да избегнат разочарување коешто би се одразило на тренингот. Бидејќи се издржливи и истрајни им одговараат и спортови како маратонско трчање и пливање.

Вага – кожа, лумбален предел, бубрези и задник

Вагите треба да се фокусираат на организирани и фитнес активности, им одговараат елитни здравствени клубови. Може да бидат успешни и во лизгање. Лесни аеробични вежби кои недоволно ја покачуваат работата на срцето не се за нив бидејќи бргу им стануваат здодевни. Треба да избегнуваат кревање на тешки предмети или нешто што би можело да предизвика стрес на долниот дел на грбот. Можат да бидат склони кон замор, па мора да се трудат да останат мотивирани. Добро е да одат на вежбање заедно со пријател кои дополнително би ги поттикнувал, но мора да внимаваат да не претераат со социјалните активности и наместо вежбање тренингот да го претворат во муабетење.

 

Скорпија – репродуктивен систем, гениталии и екскреторен систем

Скорпиите се интензивни, дури и напнати. Им одговараат напорни, натпреварувачки и сериозни спортови, активности кои ја забрзуваат работата на срцето. Сепак, мора да внимаваат и да не претеруваат бидејќи се склони кон кинење на лигаменти и слични повреди. Им се препорачува бокс, боречки вештини, триатлон и трчање во далечина. Јогата не е за нив. Бидејќи уживаат кога се сами, им одговара да тренираат без друштво. Им треба време да одморат и да се смират откако ќе се соочат со предизвик и натпреварување.

 

Стрелец – црн дроб, колкови, бутови

Иако меѓу најздравите знаци во зодијакот, на стрелецот му треба многу вежбање, по можност активности на отворено. Поради нивните силни нозе и бутови добри опции за нив се скијање и велосипедизам. Пред тренингот задолжително треба да се фокусираат истегнување кое е јакне флексибилноста со што ќе избегнат евентуални повреди на грбот. Сколни се кон несреќи, па мора особено да внимаваат кога практикуваат екстремни спортови. Исто така додека вежбаат мора да обратат посебно внимание на дишењето – длабоки вдишувања и издишувања ќе придонесат за подобри резултати. Дополнителен мотив би имале доколку тренингот има поента и конкретен резултат, оттука им одговараат натпреварувачки спортови. Фитнес центрите се добра идеја, а вежбање со пријател за нив е дополнителна мотивација.

 

Јарец – коски (скелетна структура), зглобови, колена и заби

Јарците не очекуваат задоволство веднаш, па издржливоста е нивната главна карактеристика. Овој знак владее со коските и со зглобовите. Оттука мора редовно да се движат за да го избегнат чувството на вкочанетост. Пешачењето и планинарењето и одговараат на планинската коза (јарецот), а имаат потреба постојано пред нив да има предизвик. Џогирање, брзо одење и возење велосипед исто така се добри опции особено на дол рок. Но, мора да внимаваат на колената, да избегнуваат активности кои би им предизивкале дополнителен стрес, како на пример тенис.

 

Водолија – циркулаторен истем, зглобови, петици и потколеници

Не сакаат да се чувствуваат ограничено, така што колку е почудна активноста, толку е поголема веројатноста да останат мотивирани. Екстремните спортови особено падобранството е вистинскиот избор за нив, но и им годи и танцувањето бидејќи овозможува слобода на движење. Треба да избегнуваат да јадат многу шеќери, особено пред тренинг, бидејќи имаат тенденција да се уморуваат по консумирањето на храна од таа група. Маратонското трчање и триатлонот се добри идеи бидејќи тогаш се препуштени сами на себе. Треба да избегнуваат рутински активности, бргу им станува здодевно. Клучно е подобрувањето на циркулацијата, па им годат трчањето и пливањето.

 

Риби – стапала и имунолошки систем

Рибите не се баш спортски „типови“. Се препорачува да избегнуваат  напорни активности. Им одговараат јогата и танцувањето бидејќи преку нив стигнуваат до, за нив толку потребните, рамнотежа и мир. Склони се кон проблеми со нозете – шинувања, скршеници, па дури и инфекции со габички на стапалата.  Водените спортови, особено пливањето и сурфањето се идеални за нив бидејќи водата е нивното природно живеалиште. Уживаат во јадењето, но гурманството и лакомоста можат да ги компензираат со нивната природна способност да се мотивираат. Вистински љубители на музиката. Оттука танцот, ритмичката гимнастика и dance аеробик се совршени за нив, особено ако по тоа се „почестат“ со жешка сауна.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.