Магијата на свеќите: Како да ви се исполнат сите желби!
Свеќите поседуваат магични својства, кои се однсеуваат на нивно палење според желбите, потребите, но и според хороскопските знаци.
Еве како може да ја насочите нивната енергија за да ви се исполнат желбите, и за да ви биде животот полесен и поубав.
Ако сакате да ви се исполни желбата, запишете ја на хартија која потоа се пали на пламенот од свеќата за во форма на чад полета кон небото. Овој обичај датира од прославата и фестивалот во чест на божицата Артемида. Прославите за Артемида се претходници на денешните роденденски забави. И денес се ставаат свеќи на тортите, па се посакува желба и потоа се дуваат.
Друг начин да се добие нешто што се сака е со помош на игла да се изрежи симбол на посакуваниот објект, личност или настан. Ако свеќата се остави да догори до крајот, и стопениот восок го формира обликот на основата може да заклучиме дали желбата ќе се исполни.
Самата боја на свеќата носи одредена желба, која се однесува на друго лице и што сакаме ние.
Еве што значат боите…
Бела
Белата е боја на енергијата, нов живот, нови односи. Идеална е како симбол на нови почетоци и нова љубов.
Црвена
Црвената е боја на промени, но промени кои бараат одлучност и храброст, боја на смелост и предизвик.
Портокалова
Кога се поклонува, портоколавота свеќа има јасна порака. Со неа посакувате среќа, здравје и хармонични односи во домот. Портокаловата, исто, е боја на идентитет и служи за зајакнување на довербата.
Жолта
Жолтата е боја на комуникација, учење и патување. Тоа е боја на љубопитни и интересни личности.
Зелена
Зелената е боја на љубовта, онаа вистинската и трајна, но и боја која лечи, затоа што пред се е боја на природата.
Сина
Сината е боја на моќта, но и правдата, боја која се поклонува кога се посакуваат желби за кариера и свеќата се пали кога се има во предвид напредок во работата.
Виолетова
Виолетовата и индиго се бои кои развиваат натприродни моќи, духовност и внатрешна хармонија, ова се свеќи со кои се размилсува и медитира.
Розова
Розовата е боја на помирувањето, децата и семејството.
Кафена
Кафената е боја на домот и куќата, бојата на финансиската моќ и безбедноста, боја која се врзува со зголемувањата на средствата и добрите семејни односи.
Список на астролошки знакови и бои…
Овен: Црвена – храброст
Бик: Розеникава – трпеливост
Близнаци: Светло сива или жолта-разноврсност
Рак: Сребрена – скриени потенцијали
Лав: Златно-жолта или портокалова – моќ и енергија
Девица: Зелена или светло сина- перфекционизам
Вага: Сина или виолетова- балансираност
Шкорпија: Темно-црвена или црвена – увидливост
Стрелец: Жолта или портокалова – јасни цели
Јарец: Кафена или црна – истрајност
Водолија: Индиго или темно сина – независност
Риби: Бела или светло виолетова – интуитивност