Астро коктели!
Ако сте спремни да подготвите интересна тематска забава, на каква досега никој не присуствувал, ви предлагаме да ги пронајдете омилените коктели на вашите пријатели според хороскопските знаци и да ги изненадите.
Овен
Овните обожаваат сè што е скапо, па за нив идеални се коктелите кои содржат скапи пенливи вина.
Рецепт: Една праска или нектарина измиксирајте ја со неколку коцки мраз. Прелијте со пенливо вино и послужете.
Бик
Биковите од сите знаци најмногу уживаат во храната. Вистински гурмани се, па затоа им е најважно им е коктелите да им се по вкус точно онакви какви што ги сакаат.
Рецепт: Наполнете една чаша со јагоди и додајте лажичка шеќер во прав. Прелијте со слатко, овошно вино.
Близнаци
Близнаците се доста визуелни типови, па за нив припремете коктели кои изгледаат неодоливо.
Рецепт: Промешајте овошен чај, сируп од мандарина и пиво во голема стаклена чаша. Додадете ситно сецкано овошје по желба и многу мраз.
Рак
На раковите мирисот и вкусот на она што го пијат им е подеднакво важно, па затоа тие уживаат во јаки коктели.
Рецепт: Измешајте еднаква количина вотка, ликер од ментол, сок од лимон, сируп од лимон и минерална вода. Послужете во висока стаклена чаша, полна со мраз.
Лав
Лавовите сакаат сè што е гламурозно и скапо, па затоа и нивните коктели треба да ги имаат овие карактеристики.
Рецепт: Пронајдете некој коктел кој го пијат ѕвездите во моментот. Тоа е совршената комбинација за нив.
Девица
Девиците се пребирливи и многу е тешко да им угодите. Коктелот за нив би требало да е едноставен, но внимателно приготвен.
Рецепт: Во една чаша измешајте еднаква количина минерална вода и цеден сок од портокал. Додајте малку рум и послужете со ситно сечкан мраз.
Вага
За вагите е многу важно како коктелот изгледа и дали е разнобоен. Посебно внимание посветете на декорацијата и украсувањето.
Рецепт: Во висока стаклена чаша промешајте еднаква количина на бело вино, вотка и додајте малку сируп од портокал. Послужете со многу лед и украсите со вишни, јагоди или било кое друго овошје.
Скорпија
Мистичните скорпии обожаваат и мистични коктели. Нивните пијачки не ги мешајте, туку состојките налевајте ги една врз друга. Што коктелот е појак, толку повеќе им се допаѓа.
Рецепт: Во висока чаша со ред преливајте рум, џин, ликер од ментор и пенливо вино. Никако не ги мешајте состојките. Како што сте посипале, така послужете.
Стрелец
Стрелците исто така сакаат слоевитост. За нив подгответе комплицирани коктели, преку кои ќе видат дека сте вложиле многу труд.
Рецепт: Во голема стаклена чаша ставете неколку јагоди, голема топка сладолед и прелијте со пенливо вино. Послужете веднаш.
Јарец
Јарците сакаат проверени, веќе испробани рецепти и ретко кога ќе се согласат да експериментираат.
Рецепт: За овој знак совршени се традиционалните рецепти за коктели или пак некои едноставни пијалоци како што се џин – тоник или вотка – џус.
Водолија
Водолиите,за разлика од Јарците, обожаваат да експериментираат. Тие ќе пробаат сè што ќе им понудите. Слободно експериментирајте и мешајте различни состојки.
Рецепт: Промешајте виски со свежо цеден сок од лимон, еден портокал и додајте малку тоник.
Риби
Рибите сакаат овошни коктели, но додајте и некоја егзотична состојка со која ќе ги изненадите.
Рецепт: Исечкајте една резенка диња или лубеница, прелијте ги со рум, ликер од кокос и со малку сируп од јагода. По желба разредете го коктелот со минерална вода и многу мраз.