Како заведува вашиот хороскопски знак ?
Како заведуваат Лавиците, што прават припадниците на водените знаци а во што е тајната на шармантната Девица. Откријте кое е ваше тајно оружје и како најдобро да го употребите?
Жената Овен е огнена освојувачка која сака да биде во центарот на вниманието и тоа го прави со впечатливa секси облека. Сака да биде „стегната“ но тоа го прави за да ја истакне силата на својата личност. Жените Овни имаат интересно, изразено лице, отворени се во комуникацијата и многу се страсни.
Жената Бик го менува својот пристап од невина девојка од соседството до женствена femme fatale. Обично имаат бујни гарди, малку пошироки бедра и силен карактер. Многу се секси и сакаат да се допираат за време на комуникацијата.
Жената Близнаци е вечно дете со сто лица. Припадничките на овој знак особено се шармантни, брзо мислат,зборливи се и многу се комуникативни. Омилени се во друштво, обично се со светла коса и очи и потемен тен. Сакаат да се трансформираат и својот заводнички пристап го менуваат зависно од целта односно типот на маж.
Жената Рак е нежна и чувствителна. Обично има облини, го сака семејството и мажите ја сметаат за посакувана партнерка. Многу се женствени и сакаат внимание од партнерот.
Лавиците се доминантни, вешти и слично и како другите огнени знаци сакаат да бидат во центарот на вниманието. Сакаат атрактивен накит, обично имаат бујна коса, гласни се и авторитетни. Своите мани секогаш ќе ги претворат во предност.
Девиците имаат нежна сексуалност. Како што се педантни и организирани во секојдневниот живот, такви се и во играта на освојување. Обично имаат игра на добро девојче, префинети црти на лицето и романтичен стил на облекување.
Жената Вага има одлични освојувачки методи и многу внимава на својот изглед. Вагите знаат добро и примерно да се облечат за секоја ситуација, внимателно се дотеруваат но знаат многу да освојат со својот стајлинг. Фризурата секогаш им е одлична а шминката перфектна.
Скорпиите се опасни заводнички. Имаат необјаснив шарм, упорни се и обично имаат сензитивен глас. Собoруваат од нога но знаат да бидат и посесивни. Кога заведуваат играат на топло ладно па скоро му го поматуваат умот на мажот.
Жените Стрелци се недопирливи. Обично го негуваат спортскиот стил но сакаат многу накит. Ги разубавуваат долги нозе но немаат преголеми облини. Лукаво умеат се да претворат во своја предност. Доколку имаат и некој недостаток ќе го прикријат со неодолива насмевка.
Жената Јарец освојува со студенило. Тие се претставуваат како моќни и цврсти жени и обично ги напаѓаат послабите партнери. Имаат убави нозе, обично се витки а знаат да ја истакнат убавата фигура со добра облека.
Жената Водолија над мажите остава впечаток на незаинтересирана дама. Припадничките на овој знак ги интересира духовната сила, многу се модерни, храбри и неоптоварени. Обично спојуваат неспоиво во облекувањето, сакаат виолетова боја и знаат да изгледаат секси и во патики. Во главно го негуваат природниот изглед.