Кои се стравовите на вашиот хороскопски знак?
Секој од знаците на Зодијакот страда од различни стравови но најмногу ги загрижува болеста,зависноста од други но и дека нема да ја најдат вистинската љубов. Прочитајте кои се стравовите на вашиот хороскопски знак:
Овенот стравува од зависноста од други
Тој во се сака да биде прв,но и баран па најмногу се грижи дека во животот ќе зависи исклучиво од другите. Слабоста и болеста за него претставуваат ултимативен страв но не може да поднесе и други да го игнорираат или занемаруваат. Овенот сака да биде херој за своите најмили а фактот дека тоа не може да биде го плаши.
За Бикот најголем страв се немање пари и љубов
За Бикот овие две работи се најважни во животот па најчесто и нивните стравови се врзани за тоа. Тој се плаши од нерамноправност во љубовниот однос,односно дека тој ќе биде повеќе вљубен посветен отколку неговиот партнер. А освен тоа страв во коски му тера и немањето пари како и промените кои од темел му го менуваат животот а тој на тоа не може да влијае.
Близнаците стравуваат од губење на слободата
Пријателски расположените Близнаци се плашат од промени како и Биковите а најмногу стравуваат дека ќе мораат да го променат стилот на живот. Се плашат од губење на слободата на која навикнале но и грубата вистина затоа што сакат да живеат во свет кој го скроиле по своја мерка.
Губење на семејството е најголем страв за Ракот
На нежниот и сентиментален Рак семејството му е најважно на свет па не е чудно што во животот најмногу го плаши одделувањето од најмилите. Тој стравува дека децата ќе го отфрлат а исто така нема да заборави и на убавите моменти од минатото па стравува за иднината.
Лавот се плаши дека оние кои ги сака дека ќе го изневерат
Тој се плаши од јавно понижување и губење на положбата но ултимативниот страв му вели дека некој кој го сака ќе го изневери или игнорира. Со љубовта е поврзан и негов друг страв а тоа е дека членовите на семејството и своите најмили нема никогаш да ги види.
Девицата се плаши од болести
Најмногу како и Овенот се плаши од болести. Таа стравува дека ќе им биде на товар на луѓето кои ги сака, односно дека нема да може самата да се грижи за себе и своите потреби.
Вагата стравува од недостиг на поддршка од семејството
Промислената Вага се плаши од нерамнотежа во љубовниот живот а најмногу се плаши од недостаток на поддршка за одлуки поврзани за било кое поле од животот од луѓето до кои и е дојдено. Таа стравува од конфликти расправии и проблеми во врска со бракот во кои како и Ракот бара заштита.
Скорпијата стравува дека слабостите ќе се искористат против неа
Иако често се опишува како најмрачен знак на Зодијакот ,Скорпијата сепак понекогаш ја мачат различни стравови. Таа токму како и Лавот се плаши од предавство од луѓето кои ги сака но и исто стравува дека другите ќе ги откријат нејзините слабости и ќе ги искористат против неа. Исто така се плаши од сплетки позади нејзиниот грб.
Стрелецот се плаши од обврски
Стрелецот е со слободен дух па најчесто се плаши во животот од обврски но и дека ќе се задоволи и ќе ја работи работата која не ја сака. Се плаши од планирање и губење на слободата затоа што ја убиваат неговата иновативност но стравува и дека ќе го повредат луѓето кои ги сака ,најмногу заради неговиот мирен карактер и склоноста кон простување.
Јарецот се плаши дека другите ќе мислат дека е промашен случај
Упорниот Јарец има комплекс на пониска вредност и стравува дека другите ќе помислат дека е промашен случај. Тој се плаши дека нема да остави никаква трага на светот односно дека со своето делување нема д аги допре луѓето и да ги наведе на промени.
Водолијата се плаши од губење на индивидуалноста
Водолијата ја мачат исти грижи како и Близнаците. Та се плаши од губење на слободата но и индивидуалноста затоа не сака да се стопи со масата туку сака да биде единствена. Водолијата многу вложува во своите односи,дали деловни,дали љубовни но се плаши дека луѓето кои ги сака да не ја заменат.
Најголем страв за Рибите е дека нема да ја пронајдат љубовта
Романтичните Риби се плашат од самотија и одбивање но и љубовно проклетство дека никогаш нема да го пронајдат оној вистинскиот или вистинската. Стравуваат дека во врската целосно ќе се предадат но дека истото нема да го добијат за возврат. Освен тоа стравуваат дека нивните најмили ќе ги погоди некоја болест а тие нема да можат да им помогнат.