Освежете ја врската според хороскопскиот знак

Објавено на 23 декември, 2013 во 08:41

Често во секоја врска доаѓа до добри и лоши периоди.  Следете ги овие совети и освежете си ја врската според хороскопскиот знак.

Воздушни знаци – близнак, вага и водолија

Луѓето родени во овие знаци навистина сакаат да комуницираат, па ритуалите кои подразбираат разговарање, пишување и сето она што е поврзано со употреба на зборови, ги исполнува. Доколку сте во врска со некоја личност која е воздушен знак, потрудете се постојано да ги стимулирате, бидејќи во спротивно ќе западнат во досада, па затоа нонстоп планираат некакви активности кои ќе ги одржуваат активни.

Совет: Најмалку еднаш месечно обавезно одвојте една вечер само за вас двајца. Подгответе нешто за јадење и разговарајте, но заборавете на мобилните телефони, кои само може да ви ја уништат романтиката.

Огнени знаци – овен, лав и стрелец

Тие сакаат акција и движење и им паѓа тешко да седат мирни во едно место. Испланирајте им разни активности кои целосно ќе ги исполнат и ќе ги возбудат.

Совет: Обидете се што почесто да пробувате нешто ново. На пример, доколку претходниот пат на состанок сте јаделе месо со некаков сос, овојпат нарачајте сосема вегетаријански оброк.

Водени знаци – рак, скорпија, риби

За да ги освоите овие знаци, потребна ви е активност при која ќе се зближите. Запишете се на часови по танц или заедно занимавајте се со вашето омилено хоби.

Совет: Гледајте заедно филмови кои се исполнети со емотивен набој. Одете на предавања или курсеви поврзани со уметност во каков било облик за да ги споделите вашите уметнички способности.

Земјени знаци – бик, девица, јарец

Овие знаци се вистински практичари и сакаат да се занимаваат со корисни активности. Најдете нешто забавно, но истовремено и практично.

Совет: Пуштете музика, средувајте го домот и повремено танцувајте заедно. На овој начин ќе бидете истовремено корисни и креативни.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.